Каков е првиот впечаток што го остава вашето работно место? Дали е естетски добар? Дали мебелот во вашата канцеларија ви создава страв или напротив ве привлекува?

Вашата канцеларија може да се истакнува со креативен и модерен работен простор, но дали успева да ги усклади впечатоците на посетителите и вработените во позитивни сигнали?

Факт е дека поголем број на луѓе не му даваат значење на дизајнот на работното место кој ќе одговара на потребите на вработените, кои поголем дел од своето време ќе го поминуваат токму таму.

Истражувањето на интеракцијата на човековото тело со опкружувањето може да помогне во осигурувањето рамнотежа помеѓу дизајнот на работното место и физичките потреби на човекот.

Ергономијата се обидува да го постигне токму тоа, но и повеќе.

Ергономијата е наука која го проучува соодветниот дизајн меѓу канцелариите и вработените. Земајќи ги предвид човечките способности и ограничувања, ергономски дизајнираниот стил на уредување на работниот простор се обидува да биде ефикасен во исполнувањето на функционалните барања на вработените.

Дизајнот на работниот простор треба да поттикнува интуиција, тимска работа, и уште поважно треба да овозможува сигурна и удобра средина.

Дизајнот на работниот простор има темелно влијание на продуктивноста на вработените. Важни аспекти на ергономијата се добро искористен простор со оптимално поставена опрема, вклопувајќи го човечкиот фактор во дизајнот на работниот простор и ускладување на работниот простор со околината.

Принципите на интегрирање на човековата благосостојба во дизајнот на работниот простор станаа клучни фактори за сигурноста на вработените да го искористат својот полн потенцијал. Иако човек кој седи на биро не покажува дека работи на некоја исцрпувачка задача, таков тип на работа може да предизвика многу здравствени последици.

Ергономијата ви нуди алати кои се потребни за да се одбегне претеран напор на било кој дел на телото на секој поединец. Земајќи ги предвид растечките стапки  на повреди и болести кои се дирекно поврзани со дизајнот на работното место, трошоците на компанијата би можеле да се покачат на долгорочен план.

Работните оддели од збиен тип се една од главните причини кои во компаниите предизвикуваат високи стапки на отсуство од работа и чувство на низок морал на работното место. Дизајнот на работното место треба да има за цел да ги задоволи потребите на луѓето, наместо да ги присилува истите да се вклопат во неговиот дизајн. Начинот на кој столиците и бироата се поставени треба да оддава пријателска атмосфера. Тоа им овозможува на работниците да постигнат најдобри резултати, истовремено чувајќи го своето здравје.

Канцелариската ергономија опфаќа усвојување на дизајнот кој би одговарал на вашето работно место, на вашите работни должности и вашата позиција. Таа се фокусира на поставување на столиците, бироата, тастатурите, екраните и телефоните.

На следниот линк прочитајте повеќе за значењето на ергономијата за вашето здравје:

https://www.delightoffice.mk/значењето-на-ергономијата-во-канцела/

Процесот на преуредување на вашата канцеларија во ергономски прифатлив простор опфаќа:

  • препознавање на физичките, физиолошките и психолошките должности
  • препознавање на физичките, физиолошките и психолошките способности на вашите работници
  • препознавање на нееднаквоста помеѓу задолженијата и способностите на вашите работници
  • тренирање и едуцирање на вработените за оптимална работа во работниот простор

Истражувањето кое помага да се разберат физичките, физиолошките и психолошките должности на одредена работа треба да опфаќа холостична перспектива. Треба да се состои од:

  • поставување на работните оддели според потребите на вработените, времето кое им е потребно да се заврши одредена активност, како и движењето и повторувањето кои се потребни за една задача да биде завршена
  • околината на вашето работно место, вклучувајќи го типот на работното место, осветлувањето, висина на бучава, како и влагата и температурата
  • работните алати кои се користат за извршување на задачите, како што се маусот, тастатурата, принтерот и скенерот

Колку време поминуваме во канцеларијата ќе одреди колку точно ергономијата ќе влијае на нашата добросостојба. Канцеларијата која е во согласоност со ергономските стандарди треба да одговара на следните прашања:

Дали вашите маус и тастатура се добро позиционирани?

Можете ли оптимално да го користите вашиот Notepad?

Може ли вашиот екран да се позиционира различно, за да се одбегне напрегнување на вашите очи?

Дали постојат механизми за намалување на буката во вашата канцеларија?

Дали темперетурата на воздухот е правилно прилагодена?

Дали се држите до препорачаната одалеченост од екранот, како и до препорачаната висина за седење и стоење на работната станица?

Правилното користење на ергономијата се смета за клучна во модерниот канцелариски дизајн. Најдобри работни места се оние направени за луѓето и нивните потреби. Идеалниот канцелариски дизајн одбегнува затворени простори и се фокусира на отворени и динамични канцеларии. Добра идеја е и вклучувањето на самите вработени во планирањето на дизајнот на канцеларијата. Неколку истажувања покажуваат дека вработените кои  се вклучени во процесот на дизајнот на сопствените канцеларии во пракса се попосветени и попродуктивни во работата.

Важноста на ергономијата не може доволно да се нагласи. Организациите кои користат специјализирани услуги имаат подобро разбирање на ентериерот на канцеларијата и подобри можности за интеграција на ергономијата во дизајнот на работниот простор.

Ергономски дизајнираното работно место ќе направи многу за создавање на позитивна разлика во ставовите на вработените, а истовремено ќе ја одржува атмосферата која е соодветна за постигнување на оранизациските цели.

Извор: https://workdesign.com/2012/08/ergonomics-and-workplace-design/

Автор: Jiji Thomas

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување