Ова е можност канцеларијата да ја направиме подобра!

Враќањето на работа, за многу луѓе, ќе се чувствува поинаку од кога си отидоа.

Промените на почетокот може да изгледаат нереални, затоа што луѓето носат маски, разделени се со прегради и избегнуваат физички контакт – повеќе нема вообичаени поздрави со раце, гушкања или ракувања. Можеби дел од луѓето ќе се чувствуваат осамени, бидејќи многу наши соработници и понатаму ќе работат од дома, додека компаниите ги враќаат вработените на работа во фази/бранови, но со време ќе се појави новото “нормално”. Има многу претпоставики за тоа што ќе биде новото “нормално” во иднина, но знаеме дека глобалната пандемија COVID-19 засекогаш ќе го промени работното место. Пред нас е можноста канцеларијата да ја направиме уште подобра од тоа што беше пред кризата.

Бран 1 – Одговарање во сегашноста
Непосреден приоритет за сите фирми, училишта и здравствени организации, е да ги вратат луѓето на работа што е можно побрзо и побезбедно. Луѓето се исцрпени од личните и економските влијанија кои пандемијата ги внесе во нивните животи. Приоритет е да се вратат на работа, со цел се осигураат себе си и своето семејство, но единствено ако се чувствуваат сигурни за враќање. Тоа значи дека организациите треба да ги реорганизираат работните места, со тоа со што располагаат денес, применувајќи ги достапните препораки од здравствените и надлежните институции, со цел да го осигураат враќањето на првиот бран вработени – до 50% – во целост безбедно.
Идеи за дизајн: Разбирливите стратегии вклучуваат практикување на физичка раздалеченост, како разместување на масите и столиците, додавање прегради, зголемување на мерките за чистење и безбедност, како и поддршка на оние кои подолго време работат од дома.

Бран 2 – Краткорочно планирање
Како што првиот бран вработени се прилагодува, компаниите можат да започнат со имплементација на промени за реконфигурирање на работното место, со цел да биде поприродно и да овозможи враќање на поголем број вработени. Научниците ќе осознаат повеќе за тоа како се однесува корона вирусот со што ќе им помогнат на организациите за краткоточен план.
Идеи за дизајн: Ова би можело да вклучи нови просторни распореди, со цел физичката раздалеченост да биде попријатна, со додавање на нови елементи на работните станици, како што се стакла или високи панели. Ќе се воведат нови ткаенини кои што може да се истат без избелување. Патувањата веројатно ќе бидат ограничени некое време, што занчи дека работното место треба да овозможи многу повеќе опции, како и подобри опции за видео конференции. Некои организации и понатаму ќе го поддржуваат работењето од дома како стратегија за намалување на густината на вработените, додека други ќе го преместат мебелот на нов начин.

Бран 3 – Поглед во блиска иднина
Се чини како пандемијата да го пролонгира времето, а деновите изгледаат како недели. Односно, “далеку” можеби и не е така далеку. Неопходно е да не се вратиме таму каде што бевме, едноставно да тргнеме напред, да бидеме поотпорни и да напредуваме. Додека повторно да го осмислиме работното место, научно докажаните решенија ќе бидат интегрирани со нова технологија, со цел да се обезбеди сигурност на вработените и уште поголемо ниво на нивната благосостојба.
Идеи за дизајн: Тоа значи дека парадигмата за планирање водена од густината и трошоците ќе мора да се смени – притоа, мислејќи на прилагодливост наместо на трајност, флексибилно наместо фиксно. Луѓето се благодарни што се заедно и сакаат да го почувствуваат обновеното чувство на заедништво. Виртуелните и физичките искуства ќе ги соединат луѓето на нови начини со цел да создадат чувство на припадност.

Компаниите кои ќе се обидат да се вратат на фукционирање во канцеларија на начин каков што беше пред COVID-19, веројатно ќе се борат. Потребно е прераспределување на канцеларискиот простор, во спроивно стабилноста е непостојана и работното место треба да биде спремно брзо да одговори на следното нарушување.

Извор: https://www.steelcase.com/eu-en/research/articles/designing-the-post-covid-workplace/ 

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување