Дизајнот е за решавање на проблемите. И ние знаеме дека еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат работниците денес е одвлекување на вниманието.
Секое човечко суштество копнее за дрижење во кое може да се приклучи, на начин да она што го правиме не исполнува со енергија и задоволство – па дури и радост – од задачата до задачата. Сепак, сите ние се соочуваме со истиот проблем, и факт е дека лесно може да се деконцентрираме.
Некои од недостатоците со кои се соочуваме се вродени. Исто како што тежнееме кон промени, ние сме „програмирани“ да го бараме она што е ново и неистражено. Не привлекуваат гласови од толпата и движењата во периферниот вид – едноставно не можеме да им се спротивставиме. Нашите емоции можат да ги мотивираат и стимулираат акциите, но сепак се грижиме кога чувствуваме дека ја губиме контролата врз нашата околина. Понекогаш најголемото одвлекување со кое се соочуваме е внатрешните акции на нашите сопствени мисли.
Опкружрувањата во кои работиме и учиме се исто така полни со пречки: неудобна позиција, премногу информации, луѓето околу нас, звуците. Некои од т.н пречки од една страна ни носат живот и енергија , а од друга страна можат да бидат катастрофални.
РАБОТНА СТАНИЦА BRODY™
Периферната визија на нашите предци се развила исклучително акутна за да може да открие движење од потенцијалните предатори. Не е ни чудо зошто на нашите работни места и кампуси денес, речиси не можеме да си помогнеме, без да погледнеме кога ќе видиме дека некој се движи во нашата периферна визија. Brody ™, работна станица со високи перформанси, беше предвидена како микросредина која се однесува на овој примарен човечки одговор и го поттикнува фокусот, концентрацијата и протокот.
Типичниот мебел за дневен престој брзо може да стане непријатен, бидејќи не е дизајниран за работа на преносни компјутери или мобилни уреди. На крај завршеме подгрбавени над мониторот со болни вратови и рамења. Дизајнерскиот тим решил овој проблем со одредување на совршен агол на седење – можеме да бидеме во опуштена положба, но без проблем да извршуваме работни задачи, со помош на подвижна површина, која овозможува да ги приближиме уреди колку што е потребно.
Сфаќајќи дека потрагата по елекртификација е меѓу главните пречки, дизајнерскиот тим прифатил предизвик за осмислување решенија на оваа проблематика, т.е. извор на напојување кој е едноставен, лесен за поместување ако е потребно и да е финансиски прифатлив. Резултат: Thread ™, ултра-тенкови систем за дистрибуција на електрична енергија одобрен од страна на компанијата U. L., може да достигне места каде што нема никакова електрификација..
Научниците од компанијата Steelcase ги следеа учениците и работниците кои жртвуваа удобност и контрола за потребите на своите уреди. Учениците, зависно од изворите на напојувањето, се претворија во мрежа на продолжни кабли.
Извор: https://www.steelcase.com/eu-en/research/articles/topics/privacy/designing-for-distraction/
Автор: James Ludwig