Најновите истражувања потврдуваат дека “паметните” начини на седење, кога се комбинираат со стоење и одење, можат да имаат големо влијание врз здравјето и продуктивноста на вработените.

Вистина е дека, седењето не нé убива. Но, како што ќе покаже овој документ, седењето во неблагодарни пози подолги периоди со малку движење и неколку паузи за стоење или одење може да влијае на нашето здравје и да се намали нашата продуктивност. “Ова не е само теорија”, изјави Кеn Tameling, Генерален Директор на Одделот за столици во Steelcase. “Од проверени извори на истражувањето и докази собрани од работното место,ние знаеме дека овие проблеми можат да имаат значително негативно влијание врз здравјето на работниците, а со тоа и на функционирањето на организацијата. Спротивно на ова, позитивно влијание врз работниците ќе имаме кога ќе им ги понудиме информациите и производите кои им се потребни.”

Наодите од неодамнешното истражување ја поддржаа идејата дека движењето во текот на денот, додека седите, одите или стоите е од клучно значење за одржување на здравјето.

“Седење, стоење, чекорење” е специфична филозофија која Steelcase ја користи за да се поттикнат работниците да се движат. Работни места кои ќе ја прифатат оваа филозофија обезбедуваат прилагодливи работни места, столици со вградена трака за пешачење (засега достапна само во Америка), удобни привремени работни простори далеку од вообичаените работни места и здраво “живо седење” – “Alive Seating.”

 

Понекогаш треба да станете

Опасностите што настануваат од седечката положба на телото во подолг период, ден по ден се јасни. Но, и придобивките од менување на позицијата- вклучувајќи подобрување на фокусот, ангажман и wellness се исто така јасни. Станувањето на работа, ви овозможува пауза од седењето, им помага на некои од проблемите кои можат да резултираат од долготрајните седења и овозможува вработените да останат во движење. Со оглед на наодите на Хамилтон и на другите, тие бенефиции се само поттик за вработените да поминат дел од работниот ден во стоечка положба, без разлика дали се работи за состанок во вообичаениот простор или работатна висинско прилагодливи работни површини.

Само еден час на ден да поминат во стоечка положба може да им помогне на работниците да ги согорат вишокот на калории и да го задржат или да го обноват нивото на енергија и фокус. Лесно подесивите работни површини кои се приспособуваат од седечка во стоечка положба ја елиминираат потребата работниците да ги напуштат своите задачи кога им треба пауза од повеќе часовното седење, држејќи ги попродуктивни во текот на денот.

Wellbeing-Event-Cambridge-964x430

ЗОШТО одењето ја игра поголемата улога на работното место?

Модерната медицина продолжува да ја потврдува студијата на доставувачи и кројачи на Ramazini.

Движењето е здраво. Steelcase го прифати ова и со оптимизирани решенија за поддршка на движење низ работните простори кои поттикнуваат состаноци во движење и висински прилагодливи работни маси опремени со траки за пешачење.

Кога се користи за задачи прилагодени за стоење, ваквите средби и работни станици не само што им овозможуваат на вработените да се движат во текот на денот, туку им овозможуваат да продолжат да работат за време на пешачењето – што пак ја зголемува продуктивноста.

 

Ефикасен рецепт за здрав работен ден

  • Седете во добро дизајнирана, ергономска столица, која ви овозможува целосен опсег на здрави држења на телото во текот од денот.
  • Стојте покрај работна маса подесива по висина помеѓу 1,5 до 2 часа дневно.
  •  Пешачете и работете во такот на денот.

ЗОШТО седењето е важен дел од денот?

  • Го намалува заморот.
  • Го пренесува оптеретувањето на горниот дел од телото на столот .
  • Го стабилизира горниот дел од телото, со што седењето станува најефективната позиција за користење на тастатурата и глувчето, како и гледање во компјутерот.

Вредности на стоењето

  • Го зголемува протокот на крв и ја намалува веројатноста за појава на длабока венска тромбоза (ДВТ).
  • Согорува калории.
  • Нуди пауза од седењето и намалување на статичко оптоварување.
  • Освежува и ревитализира.
  • Нуди биомеханички бенефиции, вклучувајќи подобрување на метаболичките функции после јадење.

Наградите за стоење ПРИ РАБОТА

  • Намалување на статичко оптоварување.
  • Го зголемува протокот на крв.
  • Ги подобрува метаболичките функции.
For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување