Кога луѓето имаат потреба од простор за состанок,најголем проблем претставува тоа што повеќето простори за состаноци се уредени за “лидерите” предводниците нa средбата. Конференциските сали и просториите за состаноци најчесто се дизајнирани по принцип “седи, молчи и слушај” или за групни сесии,каде што едно лице презентира информации додека останатите само слушаат.
“Во повеќето конференциски простории екранот е поставен на ѕид,луѓето седат покрај маса и она што се одвива е вид на тениски меч.Вие гледате во лицето кое зборува,потоа ќе погледнете кон некои информации таму,повторно некој зборува,потоа пак ќе погледнете кон информациите. Ништо од тоа што би ви го олеснило погледот кон говорникот и неговата презентација не е во вашата непосредна близина, а токму тоа би ви овозможило далеку повеќе комфор и би го држало вашиот фокус што би влијаело на продуктивноста на состанокот.”, вели Law Epstein, маркетинг директор на Steelcase.
Во заедничка работа секој има информации да понуди и често содржината е на лаптоп.На повеќето состаноци денес постојат толку лаптоп компјутери колку и луѓе. Сепак, споделувањето на информациите од лаптоп компјутерите обично е вежба во отплеткување кабли и погодување како да се поврзете: Што треба да се притисне за да се приклучите на проектор? Дали е тој воопшто вклучен? Природниот тек на средбата се губи и информациите се губат во услови на меланхолични коментари за тоа колку корисна би била “таа” датотека. “Преку нашето истражување и набљудување стана јасно дека повеќето средини за состанок не се во чекор со потребите на луѓето кои соработуваат”, забележува Epstein. “Значи, главното прашањето е,како можеме да го реорганизираме односот на информациите и луѓето, да се задржи истовремена насоченост меѓу нив,исто колку и на информации што се воглавно на екран.”
Врз основа на овие согледувања, истражувачите на Steelcase и дизајн студио, заедно со IDEO, неодамна создадоа нов иновативен пристап кој што ќе и помогне на работната група да ја подобри примената на технологијата со цел да се подобри меѓусебната соработка. Како резултат на тоа ви го претставуваме Media Scape. Тоа не е само производ туку и доживување.
Media Scape е заеднички простор кој го соединува мебелот и медиумите,се со цел да им помогне на тимовте во пристапот и споделувањето на информациите. Луѓето едноставно седнуваат покрај масата, го приклучуваат својот USB кабел и нивните лаптоп компјутери и сите информации што се на нивните компјутери ги споделуваат со групата преку главниот екран на масата. За да се префрлите од еден на друг лаптоп компјутер, можете само да го допрете копчето (“puck”). Тоа е во основа на “дојди и поврзи се” искуство што произлегува од спојување на мебелот и технологијата која им помага на тимовите да си ја вршат работата.
“Едноставноста тука е приоритет. Вид на животната средина што не бара посебна обука или употреба на прирачник. Таа мораше да биде прилагодена кон импровизирани и спонтани состаноци.”, вели Epstein.