Време е за одново стартување на моторите. Новите Steelcase производи може да им помогнат на тимовите и на поединците за повторно да се вратат во новата нормална рутина

Новите производи прикажани на фотографијата ги вклучуваат Steelcase Flex колекцијата, столицата Steelcase Series 2 (наскоро достапна), акустичните плочи Steelcase Truchet и Orangebox граничната клупа.

За поголемиот број вработени, почетокот на новото десетолетие донесе непредвидени предизвици кои никој неможеше ни да ги замисли. Изненадното пореметување го погоди секој пазар и секоја индустрија, оставајќи ги организациите и вработените под притисок за прилагодување на новите работни услови. После повеќемесечното работење од дома, некои луѓе се враќаат во канцеларија и се прилагодуваат на новата нормална пост-COVID состојба на работните места. Со цел да ги поддржи организациите во текот на враќањето на работа, Steelcase презентираше 23 нови производи кои помагаат во повторно враќање на тековните активности.

Побарувачката за брза и креативна работа е висока. Помогнете им на агилните тимови да работат со Steelcase Flex колекцијата. Сите елементи – од маси, плочи, прегради до струја – се подвижни, што им овозможува на членовите на тимот, во било кој момент, да се прилагодат на својот простор. Флексибилните парчиња ја олеснуваат колаборацијата и помагаат за одржување на потребното физичко растојание. Truchet акустичните плочи и Flex акустичните прегради ја намалуваат вревата со цел тимовите да може да се фокусираат и да можат да работат во отворен простор без пречки од колегите и нивната близина.

 

Седнете

Новите производи прикажани на фотографијата вклучуваат софа Bolia Pebble, подна лампа Orb со Steelcase држач за струја.

Иако оваа година на многу луѓе им донесе самотија, барање место за фокус на работното место и понатаму е клучно за благосостојбата. Ова пријатно катче нуди удобно, но и ергономско седење на софата Bolia Pebble и фотељата Coalesse Massaud Lounge, двете со индивидуални работни површини кои поттикуваат правилно држење во текот на работењето со технологијата. Steelcase Flex држачот за струја во висина на софата, им овозможува на луѓето долготрајно фокусирање без престанување со работа и без грижа за полнење на уредите, а подната лампа Bolia Orb создава опуштена атмосфера.

 

Добро дојдовте дома

Овде прикажаните нови производи вклучуваат работно биро Migration SE, Please столица во ново издание по повод 15 годишнината, Implicit Lease фиокар, Volum Air³ акустична соба за состаноци.

Оваа куќна база, на постојани и мобилни вработени, прилагодена е со Migration SE бироа подесиви по висина и големата можност за складирање во Implicit Lease фиокарот и ормарот Volum Air. Столицата Please е новата изведба на најпопуларната европска Steelcase столица, дизајнирана за долготрајно користење без неудобности. Акустичната подлога Orangebox Air³ овозможува идеално место за повици без пречки од другите или намалување на фокусот.

 

Останете во тек

Нови производи на оваа фотографија: Steelcase FrameFour работна површина, Steelcase Flex колекција, Truchet акустични плочи и Bolia Balloon лустер.

Како што бојот на вработените кои се враќаат во канцеларија постепено се зголемува, од голема важност е за оние кои и понатаму работат од дома да се чувствуваат како дел од тимот. Колегите кои работат од дома можат да останат поврзани со проектите со комуникација преку Microsoft Surface Hub 2. Со поставување на Steelcase Roam, виртуелните соработници остануваат во видикот, додека членовите на тимот седат или стојат околу FrameFour работната површина, и може да се движат во просторијата како да се во неа лично присутни. Flex плочите и преградните панели на тимовите им овозможуваат истовремено да ги прикажуваат идеите и да постават граници во отворениот канцелариски распоред. Truchet акустичните плочи го делат просторот на два дела и го намалуваат нивото на врева, овозможувајќи на тој начин една или две личности да се одвојат од групата за да размислат за некоја идеа.

Извор: Steelcase.com

 

 

 

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување