Какво влијание има поотворениот план за работна средина врз авторитетот и лидерството, и како социјалдемократскиот модел на заедницата кореспондира со капиталистичка структура како што е големата корпорација?

Во текот на последните 20 години, многу големи корпорации усвоија некои од идеите што им ги предложија startup компаниите, вклучувајќи дизајн на работното место, кој промовира еднаквост и бизнис стилови во кои раководството има еднаков третман како и вработените. Ова значи пауза со хиерархиски обележан дизајн популарен во минатото. Тогаш лидерите на компанијата беа одделени од другите во луксузни, затворени канцеларии.

Корените на отворен план се споменуваат многу порано од 1950 година,кога Германците ја претставија идејата за канцеларија пејзаж (Bürolandschaft),што беше еден од првите чекори кон прифаќање на канцеларијата од отворен план.

Сепак,идејата за социјалнодемократски пристап кон работната средина се појави и во скандинавските земји, каде што вработените добија право на глас во дизајнирањето на работниот простор, вели Philip Tidd, водечки европски консултант од Gensler.

“Скандинавските земји беа раните пионери на отворени планови во 90-тите години а Обединетото Кралство презеде водство и воведе нови начини за водење бизнис, за да го направи отворениот план вообичаена практика”, вели Tidd.

КОРПОРАТИВНА СОРАБОТКА

Несомнено е дека многу големи корпорации ги прифатија отворени работни простори со желба да ја охрабрат тимската работа и соработката,вели Jeremy Myerson директор на Академијата WORKTECH. “Во реалноста,ако отворениот план не е многу добро дизајниран,со високиот степен на сегментирање на различни задачи и големиот број на избори достапни за секој поединец, нема да има соработка. Едноставно,средина од отворен план со мал број на избори и многу бироа не е добар за комуникација или тимска работа.”

Причината зошто многу големи корпорации набрзина решија да го прифатат дизајнот на работното место што го предложија startup компаниите,е атракција за просторот за соработка, рече Myerson. “Тоа беше нов тип на организација на канцеларијата,каде што многу услуги се достапни,а тоа изгледа како клуб или ресторан опремен со прекрасен мебел. Големите корпорации сакаат да усвојат иновации и да одржуваат добра интеракција со startup компаниите. Корпорациите бараат нови луѓе кои ќе го водат процесот на иновации “.

Многу корпорации се обидуваат да замислат што се случува во помалите технолошки компании за startup, според г-дин Tidd. “Секако,постојат аспекти од обидот да се имитираат некои од поотворените менаџерски и лидерски стилови, но најголемиот иницијатор на отвореност во дизајнот е заштеда на недвижнини”.

Тој ги наведува Microsoft и GSK како примери за огромни корпорации кои ги отвориле работни средини и усвоија подеднаква хиерархија.”Овие две организации поминуваат низ процесот на отворање на работната средина со години. Нивниот експеримент еволуирал со текот на времето. Во последните 3 до 5 години, овие корпорации поминаа низ промени во сопствената отворена средина, која е богата со можности “, вели г-дин Tidd.

GSK работеше многу за да ги елиминира деловите на администрацијата кои беа просторно одделени во согласност со хиерархијата. Пред десет години Microsoft се рекламираше со слоганот “Дојди да работиш со нас и ќе добиеш своја канцеларија”. И двете компании претрпеа многу промени за да ги направат своите простории урбани и привлечни за младите работници. Сега тие имаат многу повеќе простор и повеќе тимови да работат на проекти; тие дури имаат експериментален простор за производство на производи”.

Само огромни организации со голем степен на сегментација преминуваат од хиерархиски модел кон модел на заедница, вели г-дин Myerson. “Таквите простори имаат висок степен на сегментација,тие се заедници кои имаат цел”, продолжува Myerson.

Традиционалните услови на отворен план се добри за соработка, но можат да бидат предизвик за лидерите,бидејќи очигледна линија на разграничување која постои во хиерархискиот модел, исчезнува.

ДИЗАЈН НА КАНЦЕЛАРИЈАТА

Г-дин Myerson верува дека постојат три фази на организациски дизајн: хиерархија на контрола и издавање наредби,зголемена еднаквост во работната заедница и мрежно поврзување на организацијата и физички и дигитално.

Последната фаза предизвикува промени во стилот на раководењето,бидејќи во исто време постојат мрежи на партнери, вработени и хонорарни работници, како и зголемување на бројот на надворешни соработници” вели Myerson.”Повеќето компании преминуваат од хиерархиски кон модел на заедница и модел на мрежна организација.На компаниите им е застрашувачка брзината на мрежни организации, бидејќи бара нов дизајн и нови детали во областа на човечките ресурси и технологија. Идејата за чинот и хиерархијата многу се промени во мрежните организации. Важно е дека не постои двосмисленост поврзана со раководството на компанијата “.

Работното место со отворен план од една страна ја одразува еднаквоста, вели г-дин Tidd. “Поентата е во охрабрувањето на луѓето да ги напуштат своите оддели и затворени канцеларии и да станат поотворени за соработка и потранспарентни во бизнисот”, вели Tidd. “Оваа ситуација секако имаше позитивен ефект врз тоа како вработените ја доживуваат администрацијата.Сега, членовите на раководството се чувствуваат поодговорни и заслужни за отворање на организацијата “

“Но, она што секако се случи во Обединетото Кралство е феноменот на” оние кои имаат и оние кои немаат “во работната средина, а привилегирани се оние на раководните позиции.

Навистина, истражувањето на Генслер од 2016 година под наслов “Истражување на работното место во Обединетото Кралство” покажа дека луѓето на водечките позиции со можности за избор и поголем степен на автономија при изборот на работни места се попродуктивни и поиновативни.Но, оние вработени без право на избор и без автономија кои се распоредуваат на работното место што им е доделено во “осиромашената” канцеларија од отворен план се во најголема загуба.

Па какво е влијанието на отворениот план на работна средина врз авторитетот и раководството? Донесувањето на отворен план ги отстранува очигледните линии за разграничување што постојат во хиерархиските организации, вели Mark Swain, директор за партнерство на Henley Economics College.

Идејата за чинот и хиерархијата се промени во мрежните организации.

“Почитта кон старите лица е очигледна работа кога имате физичка структура на просторот што го покажува тоа “, продолжува тој. “Мислам дека канцелариите од отворениот план направија промена во тој сегмент. Ако земете на пример корпорации кои ги отстранија физичките хиерархиски структури како што се затворени канцеларии и ги повикуваат нивните директори да јадат во истата просторија,статусот на раководството се соочува со прилично лабава структура.

“Исто така, во отворен план, се губи желбата за лидерство, бидејќи нема привилегиран статус на лидер или менаџер. Ако знаете како бизнисот функционира во отворени канцеларии и сте свесни за стресот под кој лидерите немаат видливи знаци на какви било привилегии, зошто воопшто би се  одлучиле за тоа?

Сепак, пристрасноста кон луѓето на лидерски позиции сеуште постои на отворен план, вели г-дин Tidd. “Сè уште постои невидлив хиерархиски поредок во кој лидерите сеуште имаат можност да изберат работно место”.

Еден аспект на лидерството надграден со преминување кон отворен план е присуството на повисокото раководство, вели John Williams, директор за развој на дигитални стратегии од ILM. “Клучот за присуството на лидерот е тоа што, на пример, извршниот директор работи на ист кат како и сите други вработени. Вработените на овој начин сметаат дека извршниот директор е подостапен и може да ги сподели своите мисли со него и генерално поефикасно да соработуваат со членовите на одборот.”

Она што всушност е социјалдемократски модел на заедницата може да функционира во голема корпорација, но важно е да се има суптилна средина од отворен тип што одразува широк спектар на достапни опции, наместо радикална верзија на отворениот план, вели г-дин Tidd.

“Големите корпорации разбираат дека отворањето на просторот е за подобра соработка и модернизација,и е попривлечно за следната генерација таленти” вели Tidd.”Повеќето од организациите со кои работиме се многу загрижени за ограничениот број талентирани вработени. Младата работна сила сака да работи во пријателска и динамична средина”

Многу немилосрдни капиталисти се борат се преминот во поотворена,демократска и култура на доверба,која ја бара социјалдемократскиот модел,заклучува г-дин Myerson.”Тие се многу позадоволни кога издаваат наредби,контролираат и ги надгледуваат своите вработени. Зајакнувањето на луѓето е тешка задача и потребно е време, напор, нови простори, технологии за соработка и нови начини на однесување.Но, подобро е да се соочиме со овој предизвик што е можно поскоро, а не кога е предоцна “.

https://www.raconteur.net/business-innovation/the-impact-of-open-plan-offices-on-leadership

Karen Higginbottom

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување