Во компаниите во кои работат Македонци, океанскиот простор носи бреме да пронајдете најсоодветно решение за еден од најголемите предизвици кој го носи модерниот бизнис во океански дизајнираниот простор а тоа е БУЧАВАТА. Ние како народ по природа сме многу бучни. Поради тоа светскиот предизвик во решавањето на бучавата во канцелариите кај нас е уште поизразен. Во некои канцеларии од отворен тип, бучавата се движи и до 60-65 децибели. Тоа може да изгледа малку во споредба со фреквентен автопат кој генерира 85 децибели или фрижидер кој зуи на 40 децибели, но таа бучава многу ја намалува продуктивноста на вработените кои извршуваат работи за кои е неопходна концентрација. Препознавајќи го овoј проблем, Германската асоцијација на инженери поставила стандарди за бучава во нивната земја за различни типови на работа. Додека 70 децибели е прифатливо за едноставни или главно фреквентни канцелариски работи, 55 децибели е услов за она што здружението го именува со „главно интелектуална работа”. Тие го идентификуваат ова како работа која се карактеризира со висок степен на сложеност и бара креативно размислување, донесување одлуки, решавање на проблеми и ефективно комуницирање – токму оној вид на умствена работа, од кој зависи каде вашата компанија ќе се позиционира на пазарот во следниот средноречен период.

Препорачаното ниво на бучава за интелектуална работа се однесува како на учество во дискусии и состаноци, исто така и кај индивидуалните работни задачи. Всушност, здружението препорачува исто ограничување на бучавата за доктор при вршење на хируршки зафат како за канцелариските работници во процес на интелектуалната работа, сам или во група.

„Има многу истражувања, кои покажуваат дека повеќето вознемирувачки звуци, се токму разговорите на другите луѓе.” вели Julian Treasure.

ННивото на бучава од 60-65 децибели што е честа појава во некои канцеларии од океански тип покрај оневозможувањето на концентрацијата, придонесува и во намалување ефективната соработка помеѓу колегите кои имаат потреба да разменат информации. Како што објаснува Babisch (главен истражувач во полето на бучавата и постар член во Германската федерална агенција за средина), нивото на звукот на говор е околу 60 децибели, ако луѓето зборуваат еден со друг, со нормални тонови без подигање на нивниот глас, на растојание од околу еден метар (3 ¼ стапки). Ова значи дека било кој друг звук во истиот опсег – на пример некој друг зборува во близина, може да предизвика пречки при комуникацијата, така што не сите зборови можат целосно да се слушнат. „Сепак,” вели тој, „една реченица може да се сфати, со кортикална обработка на звучната информација. Ова, сепак, е активен процес кој може да доведе до сериозни писихички проблеми кај личноста која е изложена на таква бучава подолг временски период.
Со обичен јазик кажано, во бучни средини со лоша акустика, работниците може лесно да го изгубат трпението па дури и да се изнервираат обидувајќи се да слушнат некои колеги ,додека во исто време се обидуваат да не ги слушаат другите. Ова може да доведе до сериозни конфликти помеѓу колегите кои со денови има импакт на редовното извршување на обврските.

Решението, вели Treasure (претседател на консултантска фирма во Белика Британија, The Sound Agency), е во креирање на екосистем од различни простории, секоја дизајнирана на темелот на општата свест за потребите на луѓето кои ќе го користат просторот и типот на задачите кои ги извршуваат. Работните средини треба да бидат дизајнирани не само за изглед, но исто така и за уживање на сите сетила.

„Свеста за звукот е нова алатка со која треба да се дизајнираат новите канцеларии”, вели Treasure. “Добра акустика ги прави средините драматично попродуктивни.”

Решавањето на бучава во работното места не е лесно но е возможно. Четири ѕида и врата не секогаш прават неопходно добра акустика, бидејќи звукот, е како водата, поминува преку најмалиот отвор. Во рамките на која било средина, звукот може херметички да се затвори, да се апсорбира или пригуши. Секој метод има свои предности и недостатоци, кои треба да бидат внимателно измерени, бидејќи контролата на звукот во рамките на прифатливото ниво на толеранција стана императив во дизајнирањето на просторот и важен показател за севкупната ефективност на просторот а со тоа и на компаниите.

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување