Би сакале да бидете покретивни и да научите подобро да соработувате ?
Размислете зошто небото е плаво
Проширете ги своите видици и зајакнете ги односите со оваа едноставна вежба позајмена од учениците. Образовниот иноватор Sugata Mitra покажува како.
Веројатно е поминато долго време откако лежевте во тревата, гледавте нагоре и се запрашувавте: Зошто небото е сино? Или, откако сте одвоиле време да размислите за прашање толку тешко како што е: каде започнува универзумот и каде завршува?
Во 2013 година, иноваторот на образованието Sugata Mitra ја доби наградата TED од милион долари за развивање online платформа за учениците, базирана на вакви тешки прашања (TED Talk: Изградба на училиште во облакот). Но, излезе дека платформата: Всушност е забавна за возрасните. Благодарение на идејата на Mitra, можете да го “пробудите„ дете во себе – додека градите важни вештини. Еве како да го направи тоа.
Чекор еден: одвојте 1 час да ја повратите љубопитноста
Во срцето на нејзиното училиште во облаците е едноставна метода позната како SOLEsession. Ова е кратенка за “средина за учење која сами ја организираме”, а акцентот е ставен на две неверојатно широки области: куриозитети и информации достапни на Интернет. Лекцијата започнува со отворено филозофско прашање – на пример, што ќе се случи ако инсектите исчезнат? или зошто исчезнуваат јазиците? Децата имаат 40 минути за online пребарувања во групи од четири или пет, кои делат компјутери и водат кратки забелешки за она што го научиле. Тогаш сите групи се собираат и во 20 минути дискутираат за нивните откритија.
Зошто возрасен, вработен човек би поминал време на прашања од овој тип? Бидејќи повеќето од нас ги минуваат деновите во сопствените “магацини за информации”, од кои понекогаш е добро да се излезе. Со истражување, без сомнение ќе научите нешто ново – или можеби ќе можете да се вратите на темата која сте ја избегнувале од средно училиште и да ја отстраните „пајажината“ од старото знаење, кое може да ја разбуди страста што сте ја заборавиле. Со истражување за секоја лекција, ќе бидете принудени да пронајдете неколку извори и брзо ќе одредите кои информации се веродостојни. Таквите вештини се потребни за критичко размислување. И во процесот на работа со другите, ќе добиете совети, како на пример кој канал е вреден за следење на YouTube.
Чекор два: За да смислите прашање проширете ги своите хоризонти.
Во моментот кога сме веќе возрасни, одамна сме престанале да поставуваме сложени прашања – едноставно имаме премногу професионални и лични прашања на кои треба да се најдат одговори. “Возрасните се позаинтересирани кога зборуваме за практичните аспекти на животот”, вели Sugata Mitra. “Ако некој рече дека има поевтино начин на кој можеме да купиме куќа, секако,ќе те заинтересира. Меѓутоа, ако една личност пишува “зошто воопшто живееме во домовите? Што направи да се иселиме од пештерите? и слично, тоа не е толку привлечно.
Па, како можеш да најдеш свои прашања за да истражубаш? Најлесен начин е да прашате дете или да се сетите на последното филозофско прашање кое ви го поставило вашето дете – Зошто ние икаме? Како функционира автомобилот? итн. (Исто така, тука можете да најдете листа на примери.) Најважно е да поставите прашање кое никој во групата не може лесно да одговори. Во ред е да се избере прашање поврзано со вашиот сопствен бизнис, доколку тоа не е едно од прашањата за кои размислувате на дневна основа. На пример, Sugata Mitra неодамна лансираше верзија на програмата за директорите на училиштата во Хонг Конг и нивното прашање беше: како изгледа иднината?
Чекор три: се согласуваме дека не се согласуваме
SOLE (“средина за учење која сами ја организираме”) е сигурен простор за практикување на она што менаџерскиот експерт Маргарет Хефернан го нарекува “конструктивен конфликт”. Не треба да избегнуваме несогласување и разминување во разбирањето, бидејќи тие се сили кои можат да го стимулираат учењето и иновациите, што ќе ве натера да размислите за алтернативното размислување и пристапи. Пред да се приклучат на такво опкружување, соработниците треба да ги потсетите да зборуваат слободно за сето она што го имаат на ум и да не се грижат за оние кои мислат дека се дијаметрално спротивни на нив. Таквиот поттик може да ни помогне да ги игнорираме вообичаените правила на пристојно однесување и да совладаме уште еден страв: дека ќе изгледаме глупави пред другите. “Со возрасните, често има почетен период во кој сите се вкочанети. Некој ќе рече: “Не знам многу за технологијата”, или “не знам ништо за тоа” и ќе се повлече, вели Sugata Mitra. Уверете ги луѓето дека било кој, односно сите одговори се добредојдени.
Чекор четири: Повикајте се на мудроста на толпата.
Една од пречките на која може да наидете е конкуренција. Многу возрасни едноставно се навикнуваат на самостојна работа. Заедничкото дело често се поистоветува како да ги извршуваме нашите сопствени задачи, додека нашите колеги се концентрираат на нивните задачи, наместо да го прават истото заедно. Ако ги имаме истите обврски – целиме кон натпревар, свесно или несвесно. Спротивно на тоа, SOLE служи за откривање и развивање на експертиза на целата група на луѓе. “Кога мравките градат мост, нема мравки да работат сами”, вели Sugata Mitra. “Илјадници мравки го градат со заеднички сили”.
За време на сесија со група од 15 професори на Универзитетот во Њукасл, каде што самиот предава за технологијата во образованието, веднаш го забележал проблемот: “Веднаш штом го добија прашањето, сите ги зедоа своите компјутери и почнаа да работат сами”. Тој мораше да реагира брзо: го ограничи бројот на компјутери по група и динамиката веднаш се промени. “Тие почнаа да го ценат фактот дека групата може да добие попрецизен одговор многу побрзо”, вели Sugata Mitra.
Чекор пет: Повторувајте колку што е потребно.
Освен користењето на принципот SOLE како задача за градење на тим, можете да посветите една сесија на размислување за потенцијалната употреба на нов софтвер, уреди или алатки, вели Sugata Mitra. Друга потенцијална апликација која во моментов се проучува е употребата во старечки домови. Во една таква институција во Обединетото Кралство, учесниците импресионирале со експертизата што ја покажаа за време на делото “Кои би биле ефектите на Брекзит?”. “Во една група беше жена и тројца мажи. Жената со Паркинсонова болест рече: “Моите раце се премногу несигурни за да можат да го контролираат покажувачот, но можам да го прочитам без никакви проблеми”, се сеќава Sugata Mitra. “Значи, еден од мажите го зеде покажувачот и читаше гласно. Групата на крајот водеше жива дискусија, во која отидоа многу подалеку од стандардните одговори.
“Тоа е чудна работа, како нашите умови се менуваат со текот на времето”, вели Sugata Mitra. “Животот изгледа дека ја одзема таа дива љубопитност што ја имаме како деца”. Ова, вели, е срам. “Претпочитам да се држам до големите прашања.” Вие? https://ideas.ted.com/want-to-boost-your-creativity-and-be-a-better-collaborator-think-about-why-the-sky-is-blue/?utm_campaign=social&utm_medium=referral&utm_source=facebook.com&utm_content=ideas-blog&utm_term=social-science