Лидерите се редизајнира самите себе. Глобалните пазари, работата ”од далечина” и глобално распоредените тимови бараат нов стил на бизнис лидерство, како и нов тип на работни простори – каде перформансите и флексибилноста се поддршка за потребите на лидерите за вредни интеракции и значајни размени.
“Денешните лидери поминуваат помалку време сами во своите канцеларии, а многу повеќе во интеракција со членовите на тимот”, објаснува Patricia Kammer, истражувач на Steelcase WorkSpace Futures која ги истражувала променливите работни стилови на успешните лидери.
“Приватната канцеларија не е само засолниште или место за индивидуална работа. Тоа е, исто така, место каде што лидерите го прават видливо своето размислување преку интеракција со колегите на договорени или спонтани состаноци. “
“Многу лидери денес се многу подвижни, управувајќи со широко распространети бизнис тимови и често интеракциите со нив се случуваат надвор од нивните канцеларии, но подеднакво се важни за бизнисот како и работата која се случува внатре во канцеларија.” Иако високо успешните лидери научиле секое окружување да го претворат во привремено место за работа, од аеродроми, такси до хотели и барови, овие импровизирани работни места јасно укажуваат на вредноста на канцелариите кои активно го поддржуваат стилот на работа на новите лидери.
Со поголема флексибилност во дизајнот и интеграција на технологијата, Steelcase’s Elective Elements® ја прошири својата палета на производи со цел да се задоволат разновидни и комлексни стилови на работа. Без разлика дали се користи во приватна канцеларија или за поддршка на растечкиот тренд на бизнис лидери кои сакаат да работат на отворено, Elective Elements® нуди централна подршка за потребите на професионалците денес, максимизирајќи ја нивната способност за креативно размислување, продуктивно да комуницираат и ефективно да водат.