Активно ангажирани вработени, се пример кој што секоја компанија ги посакува. Директорите во денешните компании најмногу сакаат кога ќе ги видат своите вработени кога активно се ангажираат на своите работни места, затоа што се свесни дека вработените кои со ентузијазам ја извршуваат својата работа ја носат целата организација напред со својата енергија, идеи, иновации. Во време на изненадувања и непредвидливи движења на пазарот, модерната компанија мора да биде способна да се прилагоди на промените во истиот момент кога тие ќе настанат, бидејќи во спротивно притисокот од глобалната конкуренција може да ги исфрли од пазарот со голема брзина. За една модерна компанија биде спремна за соочување со вакви промени на пазарот, или со своите иновации да ги менува пазарните услови и да излезе пред конкуренцијата, потребно е да има што повеќе квалитетни, активно ангажирани вработени во своите редови.
Наспроти оваа група на вработени, постои и група од работнатата снага која што своето доаѓање на работа го смета исклучиво како обврска и работат онолку колку што е доволно да го оправдаат своето присуство на работното место. Вработените од овој тип можат да делуваат како терет на целокупната компанија , бидејќи со своето неангажирање на работното место можат да направат спротивен ефект на интересот на компанијата во која што се вработени.
Покрај овие две групи на вработени постои и група која не припаѓа ниту во едната ниту во другата, туку се наоѓа некаде помеѓу активна ангажираност во работата и потполна ментална отсутност. Оваа група на вработени е од посебен интерес за денешните менаџери затоа што луѓето од оваа група лесно можат да се конвертитаат и да станат активно ангажирани работници.
Врз основа на истражувањата кои ги спроведоа Steelcase и Ipsos во 2016 година во 17 светски водечки економии, дојдовме до податоци каде што 34% од вработените активно се ангажираат во својата организација, додека 37% од вработените во овие организации се „одсутни” на своето работно место, а останатите 29% се во средина.
Ова истражување фрла светло на пет клучни фактори за разбирање на кој начин секоја од овие групи на вработени ја доживува организацијата во која работи и нивното задоволство на работното место.
Податоците покажуваат дека вработените кои се исклучително задоволни од различни аспекти на своето работно место повеќе се ангажираат во работата. Според тоа, само 13 проценти од работниците на глобално ниво можат да се вбројат во високо задоволни и исклучително ангажирани на работното место. Спротивното е исто така вистинито: 11 проценти од вработените се многу незадоволни од своите канцеларии и се крајно неангажирани на своето работно место.
Овие податоци го наметнуваат непријатното прашање дали целиот напор кои го вложуваат ангажираните вработени во организацијата е поништен од страна на нивните колеги кои не се ангажираат? Од друга страна, тоа што е позитивно во оваа анализа е постојаната корелација помеѓу ангажираните вработени и нивното задоволство во работната средина. Ова укажува на потребата да се вметнуваат промени и прилагодувања на работното опкружување со стратегија за покачување на нивото на ангажираност на целокупната работна сила внатре во организацијата.
Вработените кои се ангажираат се карактеризираат со повисок степен на избор над начинот и местото на работа, како и можноста за приватност кога им е потребна. Тие се охрабрени, со организациски решенија, како и со различни простории кои им се достапни. Простории, внатре во нивното работно место, кои им овозможуваат да одлучат каде и како ќе работат. Ова значи дека имаат контрола над својата потреба за приватност како би работеле со полна концентрација. Додека од друга страна им е овозможена тимска работа без прекини и нарушувања.
Најголемиот број на активно ангажирани вработени се наоѓа во организации кои охрабруваат двосмерна комуникација, дозволуваат пристап на ажурни информации за организацијата и овозможуваат на луѓето слободно да ги изнесат своите идеи. Овој податок укажува на клучниот принцип при дизајнирањето на работниот простор мора да биде создавање на простории за различни намени. Простор за индивидуална и групна работа, неподвижни и подвижни места за вработените, како и јасно прецизирање на нивоата на автономија која ќе овозможи на вработените да донесат одлуки на најефикасен начин за извршување на своите работни задачи.
Иако денес скоро секој поседува некој вид на мобилен уред за лична употреба, овој тренд не се одразува во видот на технологии кои што компаниите ги опремуваат своите вработени. Испитаниците во оваа студија пријавуваат дека нивните работни места се двапати повеќе опремени со фиксни отколку со мобилни технологии. Овој феномен може да се објасни на два начина. Првиот, во прашање е свесната стратегија за опремување на организацијата врз основа на видот на работата која вработените ја вршат. Вториот, се работи за појава во облик на предизвик кој пред современите компании поставува постојано следење и вметнување нови технологии. Во двата случаи, можноста за движење на вработените внатре и надвор од канцелариите, како и можноста работниците во крајност да ги искористат сите различни простории во работната средина, е под силно влијание на технолошкиот избор кој го донесува организацијата.
Фиксната технологија може да биде соодветно решение за работи кои бараат од работникот поголемиот дел од времето да го поминуваат зад својата маса. Вработените чии обврски бараат висок степен на соработка и голем степен на интеракција можат да пронајдат силен алат во мобилните технологии како и технологии кои им овозможуваат пристап на информации независно од нивната физичка локација. Доколку вработените немаат пристап до дигитални информации насекаде, може да се чуствуваат заковано за своите канцелариски маси и веројатноста е мала дека ќе се одлучат за соработка со колегите кои се физички оддалечени. Како начинот на работа со времето се менува, така организациите требаат да размислат како да ги усогласат своите стратегии на организирање на работата и вметнување технолошки решенија.
Впечатокот дека работните места драстично се измениле во последната деценија е стекнат благодарение на медиумите и популарната култура. Дека сите канцеларии се од отворен тип, неформални и силно ја охрабруваат соработката меѓу вработените. Додека ова е точна за некои места, поголемиот дел од вработените ширум светот и понатака седат во традиционални канцеларии фокусирани на индивидуална работа и строга хиерархија.
Начинот на кој се дизајнирани работните места, како и секојдневните случувања во компаниите, драстично се разликуваат, дури помеѓу соседни земји. Во прилог на овие разлики скоро две третини од вработените ширум светот работат во индивидуални или делени приватни канцеларии. Целосно отворените канцеларии иако претставуваат значаен удел, скоро една четвртина од вкупниот канцелариски простор е далеку од тоа дека може да се нарече стандардно канцелариско решение. Ниту потполно отворени, ниту потполно затворени канцеларии не се секогаш идеалното решение, меѓутоа оваа распределба покажува дека компаниите сé уште немаат постигнато баланс и соодветно унапредување на своите работни простории на начин кој би овозможил подобра соработка помеѓу вработените и промоција на активното ангажирање на работното место.
Активно ангажираните работници се најпристуни во земјите во развој, додека неангажираните работници се најприсутни во земјите со добро развиен пазар. Земјата од која вработените доаѓаат, нејзината култура, очекувањата на популацијата, влијаат на нивото на ангажираност на работното место, како и степенот на задоволство на работото место. Културолошката позадина на работникот и економскиот контекст имаат силно влијание врз перцепцијата на вработените и нивните ставови кон својата организација и работната средина.
За да организацијата има позитивно влијание на нивото на ангажираност на вработените и нивното задоволство на работното место, потребно е да се разбере што вработените очекуваат од својата работна средина во зависност од која средина доаѓаат. Ова е од исклучителна важност за мултинационални компании кога пристапуваат кон дизајнирање на своите различни филијали.
Извор: Steelcase