o nama
O nama

ЗА НАС

 

Од своето основање, Delight го разви своето портфолио на производи и опсег на услуги, станувајќи целосно интегрирана компанија за проектирање и изградба на канцелариски простор во Адриа регионот.

– Delight во регионот Адриа ексклузивно ја претставува репрезентативната мрежа на Steelcase, глобален лидер во индустријата за мебел, како и Interface, лидер во производството на одржливи модуларни подови и DEKO, европски лидер во флексибилни системи за преградни ѕидови.

– Досега Delight има обезбедено широк спектар на производи и професионални услуги во креирање или редизајн на работни простории, за повеќе од 4.000 компании

Изјава на компанијата

 

Во регионот Адриа, ние сме во првите редови за создавање одлични искуства нудејќи низа креативни решенија, архитектура, мебел и технолошки производи и услуги, дизајнирани да им помогнат на луѓето да го достигнат својот целосен потенцијал.

Нашето сеопфатно портфолио се базира на соработка со три главни партнерски брендови: Steelcase, Interface i Deko.

Заедно со нашите партнери, дизајнираме канцелариски простори за да им помогнеме на луѓето да работат, учат и растат. Повеќе од 20 години, создаваме инспиративни и агилни работни места за водечките светски организации во сите индустрии.

Резултати

 

Delight е водечки тим експерти во дизајнот на работни места и деловни простории, управување со проекти, изведување на fit-out проекти, М & Е работи, обнова и опремување канцелариски мебел во регионот Адриа, кој покрива пазар од над 20 милиони луѓе.

иновативни корпоративни канцелариски решенија

високо специјализирани и креативни луѓе

во различни индустрии

успешно имплементирани проекти

Мисија

 

Нашата мисија е да им понудиме најдобра вредност за инвестирање на нашите клиенти, преку испорака на креативни канцелариски решенија со висококвалитетни производи и услуги, помагајќи им да развијат подобра работна средина за вработените и клиентите.

Визија

 

Нашата визија е да ја задржиме водечката позиција на пазарот и да продолжиме да го прошируваме нашиот бизнис во регионот, како и да им обезбедиме на клиентите деловна поддршка што ги надминува нивните очекувања.

Темелни вредности

 

Посветеност кон клиентите

Сигурно партнерство

Квалитетна услуга

Продуктивност

Тимска работа

Општествена одговорност

Профил на компанијата

Портфолио

Етички кодекс

ДОП Политика

Сите овие елементи ја претставуваат нашата посветеност и решеност да бидеме водечка компанија која пред се нуди знаење и искуство во дизајнот на ентериер, што ги создава работните простори на иднината.